///
АКТИВНОСТИ

За целите на  проектот ,,Иновативен Еко-Систем во прекуграничната област“ (Innovation Eco-System in the CBC area) финансиран од Европската Комисија претставувана од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, на 5-ти Февруари 2018 година во Охрид се одржа првиот состанок на кој учествуваа EuroPartnersDevelopment и Националната Агенција за Научно истражување и Иновации од албанска страна, и Фонд за Иновации и Технолошки Развој и  Национален Центар за Развој на Иновации и Претприемачко Учење, од македонска страна.

За целите на  проектот ,,Иновативен Еко-Систем во прекуграничната област“ (Innovation Eco-System in the CBC area), вториот состанок беше одржан денес на 8-ми Март 2018 година на Универзитетот ,,Фан С. Ноли“ во  Корча. Главната намена беше да се воведат истражувања на иновацискиот потенцијал и примената на националните стратегии за иновации.

Најпрво беше претставена кратка презентација на Проектот пред претставници на универзитетот. Потоа, главната тема на дискусијата беше соработката помеѓу двете образовни институции, иновацискиот потенцијал, работните групи и изборот на кадар.

За целите на  проектот ,,Иновативен Еко-Систем во прекуграничната област“ (Innovation Eco-System in the CBC area) беше организиран третиот состанок. Со учество на EuroPartners Development, Националната Агенција за научно истражување и иновации и Универзитетот ,,Фан С. Ноли“ од  Корча, и други поканети субјекти, овој состанок се одржа на 3-ти Април 2018 во Корча.

Главната цел на состанокот беше Формирање работа група

Главна цел: Достава на канцелариска опрема за Универзитетот ,,Фан С. Ноли“ во Корча

Значењето на состанокот се заснова на: Целосно реновирање на Иновацискиот Хаб во Корча

На 25 Јануари 2019 година на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, се одржа состанок на вклучените субјекти со цел имплементирање на препораките од анализите на иновацискиот потенцијал во областа и зајакнување на комуникацијата помеѓу вклучените субјекти. На состанокот, беа презентирани резултатите од проектот и планираните активности каде беше нагласено отварањето на Иновацискиот Хаб. Можностите што ќе ги овозможи истиот беа промовирани детално за сите вклучени, и тоа:

Важноста на состанокот се заснова на:

  • Дискусии за комплетното работење на Иновацискиот Хаб
  • Кофинансирање и повик за понуди
  • Договарање дата за потпишување на Меморандумот за меѓусебно разбирање

On this day, at the Faculty of Tourism and Hospitality in Ohrid, a Memorandum of Understanding was signed between the University “St. Kliment Ohridski “in Ohrid and” Fan S. Noli “University in Korca as a symbol of officially starting the cooperation between universities related to the newly established Innovation Hubs. 

Фондот за иновации и технолошки развој официјално го отвори Иновацискиот Хаб, во рамките на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. На истиот настан, беше објавен повикот за кофинансирање на новоформираните,,старт-ап“ и ,,спин-оф“ претпријатија од Југозападниот регион.

На настанот зборуваа директорот на Фондот, г-дин Јован Деспотоски и ректорот на Универзитетот ,,Св.Климент Охридски“ - Битола, проф. Д-р Сашо Коруновски.

Овој состанок беше одржан во просториите на Универзитетот ,,Фан С. Ноли“ во Корча. Г-дин Думи го отвори состанокот констатирајќи дека кофинансираните апликации се најзначајниот дел од овој проект. Г-дин Стефанлари исто така го нагласи фокусирањето на критериумите за проценка и тримесечниот пилот проект.

Овој тренинг е одржан и воден од г-ѓа Мануела Мече, која работи како експерт за Градење капацитети. Таа претстави целосен опис на ,,Иновациски капацитети и менаџмент“. Ова е првиот тренинг модул со студентите, подготвен од г-ѓа Мече. Ова беше првиот тренинг во рамките на овој проект, со умерено учество на студенти од различни области, и двајца штотуку дипломирани доктори на науки.

Pages