///
Формирање работни групи за иновативност

За целите на  проектот ,,Иновативен Еко-Систем во прекуграничната област“ (Innovation Eco-System in the CBC area) на 25 Мај 2018 година, се одржа четвртиот состанок помеѓу EuroPartners Development, Националната Агенција за научно истражување и иновации и Универзитетот ,,Фан С. Ноли“ во Корча.

Значењето се засноваше на: Формирање работни групи за иновативност, Иновациски Хаб и стратегиски аспекти.

Најпрво, фокусот беше на воспоставување членови на работната група како и предлог на официјална кореспонденција меѓу двата универзитети врз предлог на примерок  за Меморандум за разбирање, пред потпишувањето. Меморандумот треба да се потпише во Охрид во текот на јуни. Иднината на иновацискиот хаб беше уште една значајна точка на состанокот низ развој на нови идеи, размена на искуства, стратегиски политики на локално ниво, зголемување на финансиите за развој и брзо развивање на идеи.

Покрај нив, работната група за иновации може да биде составена од обучен кадар, студенти, таргетирани општини, стопански комори, регионални агенции за развој и младински клубови.

Последен дел од дискутирањето беше за стратешките аспекти кои се засегнати од  know-how аплицираните технологии, кофинансирањето, бизнис моделите, демо-денови и секако иновациско практиканство.

Сите од нив, поддржуваат иновативни идеи и успешен континуитет на иновацискиот хаб.

Потпишувањето на Меморандумот за разбирање, реновирањето на иновацискиот хаб и препораките од експертските проучувања ќе бидат фокус на следниот состанок.